Питомци и офицери од „Летен кампус 2018“ донираа за лица со посебни потреби во Неготино
Питомци и офицери, учесници во Летниот кампус во Центарот за обука Пепелиште, денеска ги посетија лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака" од Неготино, се дружеа со нив преку спорт и креативна работилница и им донираа дел од нивната ужинка.
Во изјава за медиумите, во името на офицерите и питомците од 11 земји и два континенти кои се дел од деветиот по ред кампус, поручник Анита Среќковиќ изрази задоволство што беше дел од оваа хумана посета.
- Поводот на денешната посета во име на деканот на Воената академија, директорот на кампусот и сите околу двеста учесници, е да ја покажеме и докажеме нашата целосна посветеност и хуманост, кога се во прашање лицата со посебни потреби, нагласи Среќковиќ, додавајќи дека многу им значат насмевките на овие лица.
Таа потсети дека Армијата и посебно Воената академија, секогаш ќе бидат со овие лица.
Во името на „Порака“ Неготино, благодарност до питомците и офицерите од Летниот кампус Пепелиште, изрази Валентина Тасева, раководител на Служба за организирано живеење со поддршка во заедницата.
- Ова е наша шеста средба, нашата соработка станува традиција, на заедничко задоволство. Донираната ужинка, лицата со попреченост кои се дел од „Порака”, ќе ја користат за време на летниот одмор кој за околу 28 лица го организираме во Охрид, додаде Тасева
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур