-->
-->
Пирло нов тренер на Сампдорија
-->
Повеќе италијански, како и англиски медиуми објавија дека е постигнат договор за соработка меѓу Сампдорија и Андреа Пирло.
Според истите извори, поранешниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Јувентус и Милан, ќе потпише договор на две години со клубот од Џенова.
Пирло во текот на оваа недела треба официјално да биде промовиран во нов тренер на Сампдорија која по долги години прв пат го загуби прволигашкиот статус и од следната сезона ќе игра во Серија Б.
Пирло на клупата на Сампдорија ќе седне на местото на српскиот стратег Дејан Станковиќ, кој во октомври лани беше назначен за тренер, но не успеа да обедзбеди останок и под негово водство клубот од Џенова заврши на последното место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош