-->
-->
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпревар во Германија
-->
Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу освои прво место на меѓународниот натпревар за млади пијанисти „Уметност и мир“ (Kunst und Frieden), кој се одржа на 25-ти и 26 јули во германскот град Хамелбург.
Оваа награда следува по освоеното прво место на натпреварот „eMuse” во Грција и солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица, настапите во Модан, Франција, и во концертната сала „Мегарон“ во Атина.
Во август Арда ќе има настапи во неколку германски градови, а потоа ќе се претстави и со солистички концерти пред македонската публика.
Настапите во Франција и Германија се поддржани од Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничено добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга