Македонија
17. September 2025 - 18:25

Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија

Недостигот на работа сила станува сериозна закана за македонскиот бизнис.Тоа што се случуваше во Европа  изминативе декади, денеска се пресликува кај нас – фалат работници во сите сектори. Затоа бизнисот алармира -  што поскора  дигитализација и трансформација, како и примена на вештачка интелегенција . 

- Недостатокот на работа сила во Македонија тек следува. Тој бран што Европа го имаше изминативе декади, кај нас доаѓа сега. Стапката на невработеност постојано се намалува и сега е некаде околу 10%, иако е далеку од идеалните 4 отсто,изјави Огнен Огненоски, Бизнис мрежа.

Свесни дека фалат кадри се и од владата. Велат дека имаат стратегија за да ги  задржат младите овде, а веќе од следната година најавија нов закон за работни односи,  со кој треба да се намали работата на црно.

- Владата веќе спроведува реформи за унапредување на деловното опкружување, за привлекување инвестиции и за создавање услови младите да ја градат својата иднина дома.

Министерството за економија и труд, со проширената мисија по реорганизацијата во 2024 година, работи на создавање нови, добро платени работни места, поддршка за микро, мали и средни претпријатија, стимулирање на инвестиции и развој на пазарот на трудот преку обуки, практиканства и самовработување,изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.

Изминатава година кај нас се отвориле 4,5 илјади компании, а за 18 месеци скоро 6,000. Дел од нив се со странски капитал, така што во моментов 81 држава имаат свое преставништво кај нас.

Но секоја трета фирма е од трговијата на големо и мало, кои изминатава година имале највисоки профитни маржи.