Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
Македонија – држава во која учебниците се луксуз. Трета недела по почетокот на учебната година, бројни проблеми чекаат решение. Не секое дете има добиено учебници по сите предмети. Министерката Јаневска вели дека во многу училишта во државата го има овој проблем, но МОН не располага со конкретни бројки каде и колку учебници недостасуваат.
„За жал низ целата земја имаме такви примери, но како што кажав се обидуваме да обезбедиме учебници преку донација , оние кои што се најважни“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Колку нови учебници се потребни во едно училиште и колку се искинати, обврска да забележи има директорот. И тоа на крајот на секоја година. Собраните податоците ги доставува до МОН. Потоа Министерството нарачува и ги дистрибуира потребните учебници во воспитно-образованите установи.Некои раководни лица не си ја завршиле обврската правилно, затоа оваа учебна година има недостаток од учебници.
За да се избегнат вакви проблеми догодина, министеррката најави допрецизирање на правилниците.
„Дефинитнвно постои недоразбирање кое во иднина мора да го решиме. Иако многу пати сме зборувале и МОН многу пати повикуваше што се треба да се направи. Веќе и во овој момент праќаме дописи на училиштата, ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците за децидно да им биде кажано како и во кој период треба да направат за во иднина да немаме вакви проблеми“, кажа Јаневска прашана за одговорноста кај директорите.
Во меѓувреме, дупките се крпат на различни начини. Се набавуваат учебници преку донации, а некаде се исправаат направените грешки во дистрибуцијата. Во оние училишта каде се дистрибуирале повеќе отколку што треба, дел од учебниците се транспортираат кај други каде што недостасуваат.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар