Пијани прилепчани не платиле сметка, се вратиле со шипки и го нападнале газдата на клубот

Во Полициската станица во Прилеп вчера во 09.45 часот Г.Р. (43) од Прилеп, сопственик ноќен клуб, пријавил дека во текот на ноќта посетителите В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку непознати лица кои биле во алкохолизирана состојба, заминале од клубот без да ја платат сметката.
МВР денеска соопшти дека тие во 04.20 часот, маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот.
Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани телсни повреди- расекотини во пределот на главата. СВР Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
-

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ бараат реформирање на партијата
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите се застапени во политиката
-

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
-

Полицијата целосно расчисти свирепо убиство во Штип
-

Полициските билтени полни
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
