Петровска: Северна Македонија покажа дека е цврсто посветена на поддршката за Украина
Северна Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествуваше на состанокот на Контакт – групата за Украина во организација на САД во седиштето на НАТО.
Таа поддршка, како што рече Петровска, значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација.
– Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа, рече Петровска на состанокот.
Министерката порача дека досега Владата на Република Северна Македонија донесе три одлуки за помош и поддршка на Украина.
На состанокот присуствуваа и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, НАТО генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и поголем број министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги