Петков: Нема да дозволиме Бугарија да влезе во изборна спирала
Се што зависи од нас ќе направиме, Бугарија да продолжи со истата влада што ја има во моментов“, изјави премиерот Кирил Петков по средбата на лидерите на владејачката коалиција во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека нема да дозволи Бугарија да влезе во изборна спирала поради его или задкулисни игри или нешто друго.
Во време на војна, кога има енергетска криза, гасна криза, кога Планот за обнова и развој смета на донесување 22 закони до крајот на годината за да се добијат пари од Брисел, сите мора да бидат обединети, ќе порачаат не на хаосот, ниту на поединечни одлуки кои можат да ја доведат целата наша земја во криза. Коалицијата е заедно, против корупцијата.
Бугарските граѓани треба да знаат, рече премиерот Кирил Петков, дека оваа коалиција во овој состав стои зад нив и приоритет број еден за утре ќе биде донесувањето на буџетот.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза