Пет нови случаи на полицајци заразени со коронавирус

Нови пет случаи на заразени полицајци со коронавирус се регистрирани во МВР, со што, вкупниот број на припадници на министерството кои се заразени од вирусот се искачува на 27 случаи. Станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.
Во изолација се 56 припадници на МВР, поради претходен директен контакт со заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент од кого почнала да се шири заразата.
Новите пет заболени во МВР, се дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за коронавирус имаа седум вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале контакт со нив.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека има и 13 здравствени работници кои се заболени од коронавирусот, од кои 11 се од ГОБ „8 септември“, а двајца од Гинеколошко-акушерската клиника.
Ново на Сител
-

Затворањето на владата на САД станува најдолго во историјата
-

Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО
-

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче
-

Наместо љубовна средба со две жени во поубав и поевтин хотел, скопјанец натепан и ограбен
-

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми
-

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
-

Без вода објектот на Американската резиденција и дел од Центар
