Пет нови случаи на полицајци заразени со коронавирус
Нови пет случаи на заразени полицајци со коронавирус се регистрирани во МВР, со што, вкупниот број на припадници на министерството кои се заразени од вирусот се искачува на 27 случаи. Станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.
Во изолација се 56 припадници на МВР, поради претходен директен контакт со заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент од кого почнала да се шири заразата.
Новите пет заболени во МВР, се дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за коронавирус имаа седум вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале контакт со нив.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека има и 13 здравствени работници кои се заболени од коронавирусот, од кои 11 се од ГОБ „8 септември“, а двајца од Гинеколошко-акушерската клиника.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот