-->
-->
Пет македонски тенисери на вториот фјучрс во Скопје
-->

Пет македонски тенисери ќе настапат на вториот фјучрс турнир што се игра на терените на „Тенис парк“. Од утре стартуваат мечевите откако денеска завршија квалификациите. Томислав Јотовски поради рангот, а другите четири играчи со вајлд карти ќе настапат на турнирот.
Единствениот наш тенисер кој според рангот е на главниот турнир Томислав Јотовски ќе игра против квалификантот од Бугарија Габриел Донев, додека Стефан Мицов ќе игра против Британецот Нил Пафли.
Несреќа во ждребот имаше Бесир Дургути кој во 1.коло ќе игра против првиот носител Кристофер О‘Конел од Австралија.
Димитар Грабул за ривал го доби Дује Кекез од Хрватска, Горазд Србљак ќе игра против осмиот носител Лени Хампел од Австрија.
Во конкуренција на двојки Јотовски и Александар Лазов кои победија на првиот турнир на стартот ќе играат против Британците Ричард Гејб и Нил Пафли.
Предраг Русевски и Лазар Магдинчев за ривали ги имаат третите носители Клаудио Монтана и Дарко Јандриќ.
Бесир Дургути и Горазд Србљак ќе играат против Роман Гиголаев и Александар Перфилов од Русија, додека Стефан Мицов со Лени Хампел ќе играат против Домагој Биљешко и Бома Гојо од Хрватска.
Програма на терен број 1 (настап на македонски тенисери):
О‘Конел - Дургути (почеток 9:30 часот)
Јотовски - Донев (по првиот меч)
Мицов - Пафли (не пред 16:30 часот)
Гиголаев/Перфилов - Дургути/Србљак (по третиот меч).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
