Македонија
23. July 2025 - 17:00

Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола

Пет активни пожари беснеат низ Македонија. Најопасно во Василево. Денеска гори во и во Македонски Брод, прилепско Бешиште и Желино.

500 лица се пријавиле на огласот за пожарникари - владина мерка со цел да се закрпи дупката од недистаток на кадар. На властите им се потребни 400 па во следните денови ќе ги изберат најдобрите. Меѓутоа, скопјани немаат голем мерак да гаснат пожари за 24 илјади

Стојанче денеска завршува повикот .Стојанче - ни требаа 80 имаме 50

Вчера шумарочуварите спречиле да настане голем пожар во шума во Крива Паланка. Нашле гуми и картони и веднаш пријавиле кај властите за случајот. 

Досега се уапсени околу 20-тина лица по овој основ.

Во ек на топлотниот бран денеска повторно се запали отпад во Визбегово. Црниот чад беше видлив од секој дел на метрополата. Врз него интервенира пожарникарите на скопската противпожарна бригада.