Пензија за жените на 59, а за мажите на 61 година?

Жените да можат да се пензионираат на 59 години, а мажите на 61 година, би предвидувале новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои сè уште се во фаза на разгледување. Според нив, трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери би паднал на товар на работодавците. Вакви измени се планираат и се чекаат конечните пресметки од Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување, во врска со тоа колку би изнесувал надоместокот што ќе треба да го плаќаат работодавците.
Главниот носител на идеите за вакви законски измени е бизнис–заедницата и синдикатот, а се чека на официјалните предлог – измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд. Самата иницијатива потекнува од бизнисмените, кои одреден период бараат решение како да го подмладат работничкиот кадар. Со ваквите измени, кои нема да имаат финансиски неизбежни последици врз државата, ќе се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес и да се загрижат работниците на кои веќе годините, а и здравствената состојба не им дозволуваат до крај да ги исполнат задачите поврзани со работата. Организацијата на работодавци веќе испратила барање до ПИОМ да пресмета околу триесет „пробни надоместоци“ за работници на оваа возраст. Во исчекување се пресметките од ПИОМ по што се очекуваат информации, за да се стави на хартија предлогот до министерството.
Од Организацијата на работодавци информираат дека првите предмети се дадени до ПИОМ, кој треба да ја пресмета вистината на надоместокот која би требало да ја земаат лицата што би заминале три години порано во пензија, а идејата е за тие три години да земаат надоместок преку Агенцијата за вработување, која ќе го плаќа работодавецот и да се водат како технолошки вишок.
Во врска со реализацијата на оваа идеја и иницијатива, очекуваме одговор од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
