Пентагон: Извршивме напад врз автомобилот на Џихадистот Џон
Пентагон соопшти дека американски дронови извршиле напад врз територијата за која се сомнева дека е засолниште на џихадистичкиот егзекутор, познат како Џихадистот Џон.
Во соопштението се наведува дека нападот е извршен недалеку од сирискиот град Рака во кој наводно се наоѓал џихадистот роден како Мухамед Емвази.
- Американските сили извршија напад во Рака, мета беше Мухамед Емвази, познат како Џихадистот Џон. Британецот учествувал во снимки на кои се прикажани убиства на новинарите Стивен Сотлоф, Џејмс Фоли, Кенџи Гото и хуманитарецот Абдул Рахман Касига, Дејвид Хејнс и Алан Хенинг.
Ги чекаме резултатите од нападите, се наведува во соопштението на Пентагон.
Емвази првпат во јавноста се појави во август 2014, како егзекутор на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој претходно е киднапиран во Сирија.
Во низата снимки што се појавија, Британецот со нож отсекуваше глави на заробениците, лицето го криеше со фантомка, но неговиот идентитет е откриен на крајот на февруари, кога е наведено дека пораснал во Лондон и оти по занимање е компјутерски програмер.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата во Свети Николе и Штип
-
СДСМ ја претстави програмата во Радовиш и Струмица
-
Родителите на загинатите деца го блокираа центарот на Кочани на еден час
-
Од денеска нови правила за влез во земјите од Шенген зоната
-
Теренски активности на учесниците во локалните избори
-
Градоначалничка трка за метрополата
-
До ОИК-Штип пристигнале 152 барања за гласање во домашни услови