До ОИК-Штип пристигнале 152 барања за гласање во домашни услови
До Општинската изборна комисија во Штип пристигнати се 152 барања за гласање на болни и изнемоштени лица во домашни услови на претстојните локални избори. Претседателот на ОИК истакна дека членовите на посебна седница одлучуваат по барањата.
- Во текот на неделата се примаа барањата од болни и немоќни, а петок 10.10, беше крајниот рок за поднесување, согласно троковникот на ДИК, до 24 часот на полноќ, за што ОИК организираше и дежурства за прием на барањата. ОИК има закажано седница, на која имаме повикано и доктор специјалист од Клиничка болница Штип и на која ќе ги разгледуваме барањата, дали истите ќе бидат одобрени или одбиени, односно, дали се во согласност со правилникот на ДИК, изјави Виктор Вацев, претстедател на ОИК – Штип.
Одлуката за секое од 152 барања ќе се носи поединечно, врз основа на приложената документација. Целта е да се обезбеди фер и законско спроведување на гласање во домашни услови, зашто правото на глас им припаѓа на сите, без разлика на здравствената состојба.
Во текот на неделата пристигна и недоверливиот избирачки материјал, односно, паравани за избирачките места и други технички делови потребни за уредување на гласачките простории.
- Доверлицвиот материјал се очекува да пристигне најдоцна 72 часа пред одржување на изборите, што значи дека го очекуваме во текот на наредната недел, вторник или среда, додаде Вацев
Во сабота, на 18-ти октомври, ќе гласаат и лицата кои се на издржување на затворски казни во КПУ – Затвор Штип.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар