Родителите на загинатите деца го блокираа центарот на Кочани на еден час
Родителите на децата кои ги изгубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“, денеска излегоа на едночасовна блокада од 15 и 15 до 16 и 15 на кружниот тек во центарот на Кочани. Блокадата според нив е логична последица и револт поради изјавите на адвокатите на обвинетите дека судскиот процес против нив може да трае од 10 до 15 години.
- Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата чии деца ги загубија животите во трагедијата. Таквите зборови звучат како обид да се подготви јавноста за бавно судење, одлговечување и заборавање. Ние тоа нема да го дозволиме, нашите деца не се бројки во предмет. Тоа се човечки животи згаснати поради туѓа негрижа и неодговорност. Секој ден без правда е нова рана за нас, изјави мајка на загинато девојче
Животот на едно дете вреди многу повеќе од нечии интереси и адвокатск игри, порачаа родителите. Судот да се до екипира со потребните судии и судски соработници, за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси.
- Рочиштата да добијат приоритет и постојано темпо со цел постапката да тече непопречено и без непотребни одолжувања. Јавно и транспарентно следење на сите процесни активности, за да нема сомнежи, манипулации и скриени барања. Ние нема да чекаме 15 години за вистината, додаде мајката
Родителите најавија дека ќе продолжат со протестите секој ден во истото време се до отпочнување на судскиот процес, а од текот на судењето ќе зависи дали блокадите ќе продолжат.
-
Tрајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар