Пендаровски – Рот: Отворањето на преговорите со ЕУ е од суштинско значење

Отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина, оцениле на днешната средба претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот.
Кабиентот на шефот на државата соопшти дека Пендаровски и Рот размениле мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година. Претседателот Пендаровски притоа нагласил дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додал дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија.

На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.
Пендаровски истакнал дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изразил благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
