Пендаровски-Мисироли: Нашето членство во НАТО ќе значи ширење на просперитетот и стабилноста во Европа
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими помошникот-генерален секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли.
На средбата беше разговарано за успешната соработка меѓу Северна Македонија и НАТО, за тековните заеднички проекти како и за напредокот на реформите во одбраната и безбедноста.
Претседателот Пендаровски подвлече дека со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, ќе биде заокружена една од стратешките определби на нашата држава и главниот кохезивен фактор на нашето мултиетничко демократско општество.
Претседателот Пендаровски изрази очекување дека до крајот на годината формално ќе биде завршено ратификувањето на нашиот Протокол за членство во НАТО, во останатите земји-членки, со што ќе станеме 30-та членка на најуспешната воено-политичка Алијанса.
„Нашето членство во НАТО ќе значи ширење на просперитетот и стабилноста во Европа, но истовремено и наш придонес кон регионалната и глобалната безбедност“, порача Претседателот на средбата.
Претседателот Пендаровски истакна дека како Врховен командант на вооружените сили ги поддржува сите реформи во одбраната и безбедноста кои се во согласност со НАТО стандардите.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави проектот за дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS - Next Generation Incident Command System - (Следна генерација на Систем за управување со инциденти), како дел од НАТО - Програмата за наука за мир и безбедност.
Претседателот нагласи дека со имплементацијата на овој проект ќе биде овозможено командување, координација, соработка и комуникација со ангажираните ресурси во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, како и размена на податоци и информации во реално време, со што Северна Македонија ќе добие имплементиран современ дигитален систем за управување со кризи.
Помошникот-генерален секретар на НАТО, Мисироли му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски, посакувајќи му успех во работата.
Ново на Сител
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?
-
Милионски долг предизвика кавга меѓу директорот на ЈСП и приватните превозници