Пендаровски: Апелирам да не се става европско знаменце на предлог законот за игри на среќа
Претседателот Стево Пендаровски упати апел на законското решение за игрите на среќа да не се става европско знаменце туку да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните. Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен изрази уверување дека македонскиот парламент ќе донесе сериозно решение.
На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели австриски новинар упати прашање до Ван дер Белен поврзано со предложеното законско решение за индустријата на игри на среќа и за „автоматите за игри на среќа“ во Македонија имајќи предвид дека во неа со капитал се влезени австриски компании.
„Легитимно е да се размислува за заштитни мерки за граѓаните, станува збор за мошне чувствителна област, но за ова прашање не разговаравме со претседателот Пендаровски. Сепак, верувам дека дека парламентот со сета сериозност ќе му пристапи на ова прашање“, рече Ван дер Белен.
Претседателот Пендаровски се вклучи во одговарање на поставеното прашање:
„Имам барање за средба од луѓе од здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена“, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
