Свет
16. July 2015 - 14:34

Пеколното лето однесе 700 животи во Франција

Топлиот бран во Франција во крајот на јуни и почетокот на јули е причина за смрт на 700 луѓе, изјави министерката за здравство Марисол Турен.

Заради горештините во периодот 29 јуни - 5 јули возилата на Брза помош интервенирале по 3.580 барања што е за десет пати повеќе од вообичаеното, наведува Фигаро.

Во Франција сега има втор бран жештини и во голем број градови температурите се 38-39 степени Целзиусови.