Пејчиновиќ Буриќ: Хрватска ќе се штити со сите расположливи средства
Хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ Буриќ изјави дека граничната линија меѓу Хрватска и Словенија е утврдена во 1991 година, истакнувајќи дека секоја промена со насилни средства би претставувала кршење на меѓународното право.
Таа посочи дека на тоа Хрватска би одговорила со сите расположливи средства со цел да се заштити.
- Граничната линија е онаа линија што е утврдена во 1991 година и според тоа на терен ништо се нема случено. Неспорно станува збор за хрватска територија и никакви словенечки закони не можат да се имплементираат на територијата на Хрватска, нагласи Буриќ при гостувањето во емисијата „РТЛ денес“.
Хрватската министерка констатираше дека тоа би значело „промена или обид за промена со насилни средства на терен, а тоа според меѓународното право секако не е дозволено“.
Таа потенцираше дека Хрватска се уште смета дека арбитражната одлука за границата со Словенија не може да биде спроведена еднострано и одново ја повика Љубљана „да се врати на дијалогот“.
Ново на Сител
-

Возило за транспорт на државни пари со два милиони евра ограбено во близина на Рашка
-

Продолжува постапката за избор на претседател на Антикорупциската комисија
-

Во Собранието пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот и министрите
-

Фон дер Лајен: Белгија нема да биде сама во соочување со ризиците од користење на замрзнатите руски средства
-

Локални врнежи од дожд со услови за невреме
-

СДСМ исклучи од партијата советник од Општина Карпош кој гласал спротивно на партиските одлуки
-

Поради силен ветер два авиони пренасочени од Скопје во Приштина
-

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник
