Балкан
17. November 2025 - 16:39
Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
Албанија со торта денеска во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ.
На седмата меѓувладина конференција официјално беше отворен кластерот 5 кој ги опфаќа ресурсите, земјоделството и кохезијата.
Со ова Албанија за нешто повеќе од една година успеа да ги отвори сите 6 преговарачки кластери што беше оценето како напредок со рекордна брзина.
-->
-->
