Фон дер Лајен: Белгија нема да биде сама во соочување со ризиците од користење на замрзнатите руски средства

Белгија нема да биде оставена сама да се соочува со евентуалните ризици доколку биде постигнат договор за користење на замрзнатите руски суверени средства за поддршка на Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмо упатено до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.
Во писмото, кое „протече“ до некои медиуми, Фон дер Лајен се осврнува на можните опции за обезбедување на средства за финансиска поддршка на Украина. Писмото следува откако на Самитот на ЕУ одржан кон крајот на октомври, европските лидерите се обврза дека Унијата ќ ги покрие финансиските потреби на Киев за следните две години и ја задолжија Европската комисија да предложи опции за обезбедување на овие средства.
Фон дер Лајен посочува дека Комисијата „идентификувала три главни опции“ за обезбедување на средствата – исплата на грантови или субвенции од сите или што е можно повеќе земји членки на ЕУ согласно висината на нивниот БДП, самата ЕК да позајмува пари на пазарите на капитал со што би се зголемил долгот на ЕУ и користење на замрзнатите средства на руската Централна банка за позајмица со условна обврска за враќање или т.н. заем за репарации.
– Трите опции не мора да се исклучуваат меѓусебно. Тие можат да се комбинираат или да се користат една по друга, вели Фон дер Лајен во писмото.
Таа додава дека најпреферирана опција за Еврокомисијата е третата, односно т.н. заем за репарации и за нејзина реализација земјите членки на ЕУ „мора да обезбедат правно обврзувачки, безусловни, неповратни и повратни гаранции“.
Фон дер Лајен нагласува дека гаранциите ќе се однесуваат на ризиците што произлегуваат од билатералните инвестициски договори што земјите членки на ЕУ ги имаат склучено со Русија. Меѓу таквите земји е и Белгија, која има таков договор со Москва од 1989 година.
Сепак, во писмото Фон дер Лајен не објаснува за точниот начин на справување со ризиците, но им препорачува на земјите членки на ЕУ што имаат важечки билатерални инвестициски договори со Русија, да ги раскинат.
– Европа не може да си дозволи парализа, ниту преку двоумење, ниту преку потрага по совршени или едноставни решенија што не постојат, заклучи Фон дер Лајен во писмото.
Обврската на лидерите на ЕУ за Европската комисија за „предлагање опции“ уследи откако на Самитот не беше постигнат консензус за усвојување на нејзиниот предлог за т.н. заем за репарации за Украина, поради противење на Белгија.
Предлог на Европската комисија предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски суверени средства во ЕУ за т.н. заем за репарации за покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година. Согласно предлогот, Украина би ја вратила оваа позајмица откако Русија би и исплатила репарации за штетите предизвикани за време на руската инвазија врз земјата.
Белгиската Влада тврди дека користењето на овие средства би можело да го нарушил угледот на Белгија како сигурен депозитар и да резултира со повлекување на депонираните странски средства во земјата, а изразува загриженост и околу легалноста на таквата постапка.
Дополнително, Белгија бара и цврсти гаранции од други земји членки дека ќе ја споделат одговорноста доколку некогаш се дојде во ситуацијата искористените пари од сега замрзнатите средства да треба да и се вратат на Русија.
ЕУ досега ги употребуваше профитите од замрзнатите руски суверени за исплата на средства за поддршка на Украина, но основицата не беше користена.
Најголем дел од средства во сопственост на Русија или нејзини државјани, кои беа замрзнати во ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина во 2022 година, се наоѓаат во бриселскиот депозитар „Еуроклир“. Станува збор за околу 193 милијарди евра, од кои речиси 180 милијарди евра се суверени средства во сопственост на Централната банката на Русија. Дополнително, уште околу 25 милијарди евра руски суверени средства се замрзнати во други земји членки на ЕУ, пред се Германија, Франција и Луксембург.
Извршната директорка на „Еуроклир“, Валери Урбен викендов во интервју за францускиот весник „Монд“ изјави дека евентуалната конфискација на замрзнатите руски суверени би била нелегална и би ја ослабнала Европа.
Урбен порача и дека „Еуроклир“ е подготвен да преземе и правни мерки за да го блокира секој обид на Европската комисија или Советот на ЕУ за конфискација на замрзнатите руски средства што се наоѓаат во неговиот трезор.
Според Урбен, покрај Белгија и претставници на други земји изразиле загриженост од последиците од евентуалната конфискација на овие средства, стравувајќи дека тоа би можело да ги поттикне меѓународните инвеститори да ги намалат вложувањата во Еврозоната, што би имало негативно врз сите финансиски потреби на Европа.
Инаку, користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина беше тема и на средбата на Фон дер Лајен со белгискиот премиер Барт де Вевер во петокот попладне. По едночасовната средба ниту една од страните не излезе со соопштенија за детали од разговорите.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
