-->
-->
Пехчево доби фестивалска сцена и туристичко-информативен центар
-->
Општина Пехчево во рамки на меѓуграничниот проект „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ доби фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар.
Како што беше соопштено денеска на прес - конференција, на која беа промовирани резултатите од проектот, ова за Пехчево значи продолжување на напорите кои општината ги прави општината за развој на туризмот.
Проектот изминатите 24 месеци го спроведуваа општина Пехчево од Македонија и Брезница од бугарската општина Гоце Делчев.
- Со туристичко-информативниот центар, туристите кои ќе го посетат Пехчево ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации на едно место, што за нас ќе значи дека ќе може да ги промовираме нашите природни богатства. Исто така добиваме и современа сцена на кој покрај организирањето на постоечкиот Фестивал на дувачки оркестри, ќе можеме да организираме и голем број други манифестации и фестивали со што ќе го подигнеме културниот живот во градот, рече градоначалникот Драган Тренчовски.
Според координаторот на проектот од Брезница, Теодорина Тодорова, соработката со Општина Пехчево овозможила развој на трансграничниот туризам и реализирање голем број инфраструктурни активности.
Координаторката од општина Пехчево, Јасминка Пашалиска Андонова, информира дека во рамки на проектот е изготвена Стратегија и студијата за развој на туризмот како насока за следните чекори на општината за развој на туризмот.
Проектот „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција - ФОЛКЛОР“, вреден 450.000 евра, се спроведува преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација