Папата Франциск размислува за патување во Киев
Папата Франциск, кој денеска пристигна во дводневна посета на Малта, рече дека размислува за патување во главниот град на Украина, Киев.
За време на летот од Рим за Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, тој одговорил потврдно, без да даде други детали за можната посета.
Посетата на Малта, најмалата земја на ЕУ, е негово 36. патување во странство.
Во фокусот на неговата посета на католичката земја, меѓу другото, ќе биде и состојбата со мигрантите и бегалците сместени во добротворни установи, кои планира да ги посети за време на дводневниот престој.
Папата требаше да отпатува за Малта во мај 2020 година, но патувањето беше одложено поради пандемијата на корона вирус.
За време на своето патување, папата Франциск планира да го посети и малтешкиот остров Гозо каде се наоѓа националното светилиште и познатата пештера Свети Павле.
Предвидена е и миса со илјадници верници во близина на главниот град Валета.
Ново на Сител
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура