Папата Франциск: Абортусот е убиство, а Црквата не дозволува истополови бракови
Папата Франциск, на последниот ден од посетата на Словачка, го осуди абортусот како убиство и ја отфрли можноста Католичката црква да дозволи истополови бракови.
Папата ја повика Католичката црква во Словачка да посвети повеќе внимание на своите верници отколку на сопствените проблеми. Тој, исто така, повика на поголема отвореност и заедништво во Европа.
Новинарите му поставија бројни прашања на Папата за време на патувањето кон Ватикан, при што тој го повтори својот став за абортусот и истополовите бракови.
– Абортусот е повеќе од проблем. Тоа е убиство, рече папата Франциск.
Во однос на истополовите бракови тој рече дека е важно да им се помогне на луѓето со друга сексуална ориентација, но без наметнување работи на Црквата што не функционираат таму.
– Бракот е света тајна и Црквата нема овластување да ја промени. Ако двајца од ист пол сакаат да го поминат животот заедно, владите можат да го поддржат тоа со граѓански церемонии. Но, бракот е брак, порача Папата.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци