Ова е ќерката на тајкун која во сообраќајка уби пет лица
Алиона Зајцева (25), ќерка на олигарх од Украина, уби пет лица, а голем број се повредени откако не запрела на црвено светло на семафор и со возилото удрила во група луѓе.
Тешката сообраќајна несреќа се случи во украинскиот град Харкива, кога младата наследничка со џип од марката „Лексус“ удри во „Туарег“, а од силината на ударот, нејзиното возило се преврте преку покривот и повторно запре на пневматиците и потоа удри во група луѓе.
Алиона не е повредена во сударот.
Иако претходно украинските медиуми соопштија дека во инцидентот загинале шест лица, украинското Министерство за внатрешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека смртно настрадале пет лица, а две жени се во критична здравствена состојба. Меѓу загинатите е и 15-годишно девојче, а тешко е повредена жена, во седмиот месец од бременоста.
Локалните медиуми пишуваат дека веднаш на местото на настанот дошле два џипа со вооружени телохранители, кои Зајцева ја заштитиле од бесните сведоци на несреќата.
Таа е ќерка на мултимилионерот Василиј Зајцев, директор на локалната енергетска компанија.
Полицијата соопшти дека и е одреден тридневен притвор и оти во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол. Доколку биде осудена, ќе се соочи со затворска казна од 10 години.
Ново на Сител
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам
-
Европската комисија предвидува раст на македонската економија за 3% во 2025 година
-
Уставен суд: Постапувањето на Судски, Собрание и Судовите е правен преседан
-
Нема предлог за нов гувернер - Давкова ќе размислува уште неколку дена
-
Изградба на нова пруга и реконструкција на постоечката долж Коридорот 10 за постигнување на планираната брзина