-->
-->
Ова е 20-годишниот бомбаш самоубиец кој се разнесе себеси во Париз
-->
20-годишниот Билал Хадфи е еден од тројцата бомбаши самоубијци кои се разнесоа пред стадионот "Stad de France" во Париз во петокот вечерта.
Како што пренесуваат француските медиуми, овој државјанин на Белгија има помалку од 20-години. Хадфи беше еден од седмината бомбаши самоубијци кои настрадале за време на масакрот во Париз во кој убија 129 лица, а повредени беа над 300.
Се верува дека овој терорист кој изгледа баш како „невино дете“ бил член на „Белгиската тероритичка група“ и успеал да стигне во Европа како мигрант.
Според последните информации кои што доаѓаат од француската полиција, зад нападите во Париз стои Белгиецот Абделхамид Абуд, еден од главните лидери на Исламската држава кој на фронтот во Сирија дури го повикал својот брат кој има само 13 години.
„Белгиската група“ била составена од неколку членови со белгиско државјанство, меѓу кои и Ибрахим Абдеслам за кого неговата мајка тврди дека не сакал да убие никого, туку се разнел себеси од стрес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни