Откриени 124 странски државјанки кои непријавено престојувале и работеле во полошкиот регион
Во контролните активности на полицијата за откривање на странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат, минатата година на тетовско-гостиварското подрачје биле откриени 124 женски лица. Тие главно непријавено престојувале и работеле пред сè во угостителски објекти или го злоупотребиле туристичкиот престој.
Од СВР Тетово посочуваат дека во 2020 година реализирале редовни и акциски контролни активности за откривање и законско санкционирање на ваквите дела. Во овие активности вкупно биле откриени вкупно 124, претежно женски лица. Од нив најмногу биле откриени на тетовското подрачје (99), а преостанатите 25 на гостиварското.
Според потеклото на земјите од кои доаѓаат, од нив 41 се државјанки на Република Србија, 38 од Република Албанија, 13 од Република Косово и девет од Украина. По седум државјанки од Република Бугарија, од Босна и Херцеговина и Русија, а меѓу откриените имало и по една државјанка на Молдавија и Шведска.
Според анализата на СВР Тетово, најмногу од откриените странски државјанки лани биле ангажирани како пејачки, танчарки или придружнички. Најголемиот дел од нив го злоупотребиле туристичкиот престој, а некои од нив и непријавено престојувале на подрачјето.
Во активностите кои полицијата ги спровела, на сите изготвени им се соодветни поднесоци и се соочиле со законски предвидените санкции: парични глоби и со депортирање во нивните матични држави.
Ново на Сител
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец