Македонија
5. March 2025 - 16:39

Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра

Секој месец до јуни по една нова инвестиција најавува премиерот Мицкоски како дел од владината офанзива за подобрување на економијата во државата. Најавите стигнуваат по објавеното рекордното ниво на странски инверстиции во 2024 година од 1,2 милјарди евра. Во оваа насока Мицкоски ги толкува и придобивките од посетата во Унгарија. Вели дека тоа е државата која ни помогнала со една милјарда евра изминатиот период.

Од овие пари, половина отишле за враќање на стари долготови, со што според премиерот намален и е долгот на државата за речиси 3 отсто. Двесте и педесет милиони евра се за општинските проекти, а останатите се за бизнисот, но таму ќе бидат потребни уште пари.

Иако во ист град, Мицкоски вели дека во Будимпешта не се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМЕН Никола Груевски

Прмеиерот и повеќемина министри од Владата два дена беше во Будимпешта на заедничката владина седница со владата на Виктор Орбан. Освен за економската соработка двете страни разговараа и за заглавените евроинтеграции, но и новата геополитичка реалност во светот помеѓу САД и Европа за Украина.