Македонија
5. March 2025 - 16:35

Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец

Власта го отфрли предлогот на синдикатот за 500 евра минималец.Субвенционирањето придонеси би го исцрпило буџетот и би ги скратело парите за инвестиции, за изградба на патишта, школи, градинки. Само ако работодавачите се согласни во целост да ги платат придонесите на 30 000 минимална плата за  премиерот Мицкоски е прифатлив предлог. Најави дека на следната владина седница ќе се формира Комисијата, која ќе ја потврди репрезентативноста на ССМ.

- Не знам како би се сложиле (работодавачите) кога немаме репрезентативен претставник на синдикатите. Доколку се избере и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30 илјади денари во која што работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите, ние ќе го прифатиме. Треба да се формира Комисија за утврдување на репрезентативноста. Таа утврдува кој од синдикатите ги исполнува условите согласно правилникот,изјави Христијан Мицкоски, премиер

Мицкоски го обвини синдикатотат дека е во здружена коалиција со СДСМ, Левица и ДУИ. 

 Жалам што ССм полека се претвора во партиска говорница на Левица, СДСм и ДУИ.,. Жалам што во минатото  изостана овој предлог кој сега го даваат, практично тоа што овие го говорат во Парламентот, тие го говорат на прес-конференции. Тие одбрале таков начин да функционираат. Жалам што во минатото изостана овој предлог. Тие мислат дека сега ќе го исцрпат Буџетот и дека ние ќе дадеме 100-200 милиони денари за нив додеде Мицкоски 

Синдикалниот лидер  Трендафилов на својот ФБ профил му возврати: 

Ние работниците се бориме за корка леб, тие политичарите за гола политика ! Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба !

Минималната плата се утврдува еднаш годишно, во март на социо- екокономскиот совет, во договор на синдикатот, работодавачите и власта. Законски треба да се зголеми за 1,800 денари, додека предлогот на ССМ е плус 6 илјади денари на оваа сума, со барање владата да ги плаќа приодинесите  најмногу една година.