Откажани летови од Скопје, магла на повеќе патни правци
Поради густата магла утринава на скопскиот аеродром се откажани дел од планираните полетувања, а не е реализирано ниту едно слетување. Магла има и на неколку патни правци во државата поради што е намалена видливоста од 50 до 100 метри.
Според веб страницата на аеродромот „Александар Велики“ откажани се полетувањата за Виена, Загреб и Истанбул, а со задоцнувања се реализирани полетувањата за Дортмунд и Брисел. Засега нема слетувања, односно откажано е слетувањето на утринскиот лет од Истанбул, а авионите на Аустрија ерлајнс и Луфтханза од Виена се вратени назад.
На патиштата низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патниот правец Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани и Демир Капија.Слаб дожд врне во Маврово, Дебар и на планинскиот превој Буково.
Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, вчера од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4x4. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, на граничните премини, освен на Богородица, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк
-
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк
-
Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин
-
Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија