Осум пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во турска болница

Осум лица загинаа денеска во пожар што избувна на одделот за интензивна нега за лекување на пациенти со Ковид-19, во приватна болница на југот од Турција.
Новинската агенција „Анадолија“ објави дека пожарот избувнал кога експлодирало шише со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.
Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени во други болници, пренесува АП.
Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за овој случај е во тек.
Властите велат дека во одделенијата за интензивна нега во Турција, поради пандемијата, пополнети се 74 проценти од капацитетите, но здруженијата на лекарите тврдат дека болниците се веќе полни.
Досега во Турција досега регистирирани се 1,98 милион заразени, а починале 17.610 заболени од Ковид-19.
Ново на Сител
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
