Оставка на српскиот премиер
Српскиот премиер Милош Вучевиќ во вонредно обраќање до јавноста соопшти дека се повлекува од таа функција. Остваката е неотповиклива. Синоќешниот инцидент во Нови Сад, во кој за време на студентските протести се нападнати студенти и тешко повредена е една студентка, само ја прелило чашата за него и се надева дека неговата оствака ќе помогне во намалување на тензиите и поделеноста во опшеството по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноевмри лани при што загинаа 15 лица.
Од истите причини оствака денеска поднесе и Милан Ѓуриќ од функцијата градоначалник на Нови Сад.
-Моја неотповиклива одлука е да поднесам оставка на местото претседател на владата на р. Србија. Со ова покажуваме одговорност на оние кои се избрани да имаат одговорност, сето ова да не ни се прелие на улици, на кавги меѓу граѓаните и поделби, туку политичарите да прифатат одговорност и да се вратат на дијалогот и да се смират тензиите“, изјави Вучевиќ.
Вучевиќ призна дека Србија повеќе не е иста по трагедијата во Нови Сад а за протестите и поделбите во општеството истакна дека тоа го смислил некој од надвор.
-Некој кој тоа го смислил, а сега сум слободен да кажам дека апсолутно е смислено од странство, во тоа не се сомневам, удри на најчувствителната област на едно општество, а тоа е образованието на децата, рече Вучевиќ.
Сепак, првичните реакции покажуваат дека потегот на Вуќевик кој носи пад на целата влада - нема да ги задоволи студентите и останатите граѓани кои протестираат, ниту пак да го намали бунтот.
-Оставката на Милош Вучевиќ ми се чини дека е обид да се смират ттензиите кои секјдневно ги разгоруваат. Барањата на студентите се „дефинирани“. На сите им е јасно дека нема да ја напуштиме блокадата додека целосно не се исполнат нашите барања“, рече Алекс Нешовиќ, студент на градежниот факултет.
Објавување на комплетната документација за реконструкција на зградата на железничката станица во Нови Сад, брза истрага, казна за виновниците и ослободување на уапасените за време на досегашните протести се барања на студентите.
Претседателот Вучиќ синојка рече некои од барањата веке се исполнети – објавена е целосната документација за реконструкција на железничката станица, има обвнителен акт против 13 лица, мегу кои и за порнашениот министер за градежништво Весиќ, а вети и ослобудување приведените демоснтранти.
Влада на Вучевиќ сега ќе остане во технички мандат додека не се избере нова влада или додека не се донесе некоја нова политичка одлука. Како ке изгледаат наредните денови во Србија е тешко да се предвиди, бидејќи опозицијата порача дека не прифаќа распишување предвремени избори како решение за актуелната политичка криза.
-Нема ни збор за избори, а камоли за избори без иполнување на сите стидентски барања. Кога тоа ќе се случи,потоа следи формирање техничка, преодна влада која ќе ги подготви условите за изборите - па дури потоа изборите изјави опзициксиот лидер Драган Џилас.
За вечерва е закажана седница на владата на Србија на која ќе присуствува и претседателот Вучиќ и според најавите ќе биде донесена одлука за тоа дали ќе има избори или ќе се оди на избор на нова влада.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар