Loading Video...
Балкан
29. January 2025 - 16:57

Србија не се смирува, протестите продолжуваат

Вишиот суд во Нови Сад го продолжи притворот за  30 дена за  десетмина уапсени  за поврзаност со падот на  настрешницата на железничката станица во тој град при што загинаа 15 лица. Оваа трагедија беше поттик  за студентски и граѓански проетсти кои низ Србија  траат веке три месеци. И покрај оставката на премиерот студентите протести  нема да престанат. Новина е дека повеке нема да има 24 часовни блокади, туку неколкучасовни  протестни прошетки а ќе остане секојдневниот молк во 11 часот и 52 минути, времето кога се урна настрешницата..  

Попландево, заедно со инженери, студентите се  собраа пред инженерската комора на Србија во Белград .  Истакнаа дека нивното главно барање  комората не го исполнила - не  ја доставила целосната  документација за реконструкцијата на железничката  станица, која е клучна  за да се утврди одоговорноста за несреќата . Од таа институација  со став- доставиле се што имаат. 

Претседателот Вучик синока рече дека се што бараат студентите се исполнува – објавевена е  документација,  уапсени се  напаѓачите на демонстратните, зголемен е  буџетот за високо образование за 20 отсто,  а ке бидат  ослободени и  уапсените за време на досегашите протести. Коментирјаки ја оставката на премиерот Вучевик што значи и пад на владата, тој  истакна дека во следните 10 дена  ке се донесе одлука  - вонредни   избори или  ќе формира  нова влада. Преодна влада  за Вучик не е опција додека за опозицијата  е решение што може да доведе до смирување на тензиите.

- Се чини дека преодна влада, во која треба да се вклучат опозицијата и експертите, во овој момент не е толку реална поради отсуството на меѓународна поддршка за таква идеја, недостатокот на политичка артикулација на протестите и недоволната рамнотежа на политичките сили. Доколку властите се согласат за преодна влада, тие практично би се откажале од власта без избори вели и бојан клачар, извршен директор на центарот за слободни избори и демократија.

Милош Вучевиќ вчера поднесе оствака на функцијата премиер на србија и како што појасни, смета дека е објективно одговорен за нападот врз студентите што се случи во нови сад . Студенката која при нападот беше тешко повредена  утрово е пуштена на домашно лекување.