Loading Video...
Балкан
24. January 2025 - 21:14

Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк

Празни маркети, преполовен промет за трговците. Хрватите се одлучија за целосен бојкот на продавниците и бензиските станици поради постојаниот раст на цените. Иницијативата ја покрена фејсбук групата Ало инспекторе, а ја поддржаа и здруженијата за заштита на потрошувачи, синдикати, политичкие партии и министерот за економија.

Бојкот го оценија како успешен, Управата за јавни приходи во Хрватска објави дека до 16 часот  прометот во споредба со минатиот петок е помал за 50%, а бројот на издадени фискални сметки за 43 отсто. Цените на храната и горивата постојано растат и кај нас. Сепак, од Организацијата за заштита на потрошувачите и Синдикатотот сметатат дека ова не е начин да се казнат трговците. Потребно е законите да функционираат.

-Потребни се поригорозни мерки. Ако не пазарат денес, ќе пазарат утре. Трговците нема ништо да изгубат, напротив ќе продолжат да се богатат. Потребно е да се преземат подолгорочни мерки, кои ќе дадат резултат, изјави Иван Пешевски, ССМ.

Синдикатот направи пресметка колку пари им требаат на соседите за да го истуркаат месецот, а колку нас. Бројките покажуваат дека имаме и најмала минималната плата и најмала просечна, а трошоците за да се преживее се меѓу највисоките. Со просечна плата од 677 евра, месечно кај нас на едно семејство му се потребни 1 030 евра, во Хрватска просечната плата е 1110 евра, а кошницата 1900 евра. Ако цените продолжат да растат, ССМ најавува генерален штрајк.

-За жал, освен Синдикатот, никој друг не реагира. Ни Организација за заштита на потрошували, ни опозиција, никој. Законот за нефер трговски практики не функционира. Ако не се преземе нешто и цените продлжат да растат, ние најавуваме протести, како и генерален штрајк, додава Пешевски.

За да се задржи стандардот на граѓаните и да се спречи порастот на цените, владата замрзнуваше маржи и воведуваше кошници. Дали овие мерки дале резултат – ќе покажаат анализите. Ако се согледа дека немало ефект, најавуваат измени во концептот. Следната кошница е во март, за Рамазан, а во април ќе следува велигденската.