Осомничениот за нападот кај Белата куќа соработувал со ЦИА во Авганистан

Авганистански државјанин е обвинет за пукање врз двајца припадници на Националната гарда на САД на само неколку блока од Белата куќа, во дрзок чин на насилство што се случува во време кога присуството на војската во главниот град.
Авганистански државјанин е обвинет за пукање врз двајца припадници на Националната гарда на САД на само неколку блока од Белата куќа, во дрзок чин на насилство што се случува во време кога присуството на војската во главниот град на земјата и другите градови низ земјата е во центарот на политичката дебата, објавија американските медиуми.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, и градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, претходно изјавија дека припадниците на гардата се хоспитализирани во критична состојба по пукањето во близина на Белата куќа вчера. Гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, ја повлече својата изјава од вчера дека припадниците на гардата починале, велејќи дека добил „конфликтни информации“ за нивното здравје.
Пукањето врз припадници на Националната гарда на американска територија во пресрет на Денот на благодарноста доаѓа во услови на правни битки и поширока јавна дебата за употребата на воена сила од страна на администрацијата на Трамп за борба против она што официјалните лица го нарекуваат проблем со криминалот надвор од контрола.
Администрацијата на Трамп брзо нареди уште 500 припадници на Националната гарда да бидат распоредени во Вашингтон по пукањето.
Осомничениот, кој беше приведен, исто така бил застрелан и има рани кои не се сметаат за опасни по живот, според службеник за спроведување на законот кој зборуваше под услов на анонимност. Тој е 29-годишен авганистански државјанин.
Тој влегол во Соединетите Држави во 2021 година во рамките на операцијата „Добредојде на сојузниците“, програма под водство на поранешниот претседател Џо Бајден, која евакуираше и преселуваше десетици илјади Авганистанци по повлекувањето на САД од земјата, соопштија официјални лица.
Иницијативата донесе околу 76.000 луѓе во Соединетите Држави. Програмата оттогаш е под интензивен надзор од Трамп, неговите сојузници, републиканците во Конгресот и некои владини надзорни тела поради недостатоци во процесот на проверка и брзината на прифаќање, иако нејзините поддржувачи велат дека им понудила спас на луѓето кои се изложени на ризик од прогон од страна на Талибанците.
Авганистанецот, кој живеел во државата Вашингтон, е идентификуван од страна на органите за спроведување на законот како Рахманула Лаканвал, но властите сè уште работат на целосно потврдување на неговото потекло, соопштија властите. Лаканвал пристигнал во Белингам, Вашингтон, околу 80 милји северно од Сиетл, со својата сопруга и пет деца, изјави неговата поранешна газдарица, Кристина Видман.
Џефри Керол, помошник-началник на полицијата во Вашингтон, рече дека истражителите немаат информации за мотивот на осомничениот. -Стрелецот „дошол од зад аголот“ и веднаш почнал да пука кон војниците, рече Керол повикувајќи се на видео снимки прегледани од истражителите, додавајќи дека не е јасно кој го застрелал осомничениот.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи доцна синоќа, претседателот Доналд Трамп повика на повторна истрага за сите авганистански бегалци кои влегле во земјата за време на администрацијата на Бајден. „Ако не можат да ја сакаат нашата земја, ние не ги сакаме“, рече тој, додавајќи дека пукањето е „злосторство против целата наша нација“.
Осомничениот за нападот кај Белата куќа соработувал со ЦИА во Авганистан.
Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал (29), обвинет за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, претходно соработувал со повеќе американски владини агенции, вклучувајќи ја и ЦИА, за време на неговата служба во Авганистан, дознава Фокс њуз.
Лаканвал влегол во САД веднаш по повлекувањето од Авганистан во 2021 година, како дел од програмата на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, „Добредојдени сојузници“, наменета за преместување на ранливи Авганистанци и оние кои соработувале со американските сили. Според Си-Ен-Ен, тој поднел барање за азил во 2024 година, а администрацијата на Трамп, наводно, го одобрила барањето во април 2025 година.
Според разузнавачки извори, неговата соработка со американските структури во Кандахар била основа за неговото доаѓање во САД. Роднина на осомничениот за Ен-Би-Си изјавил дека Лаканвал поминал 10 години во авганистанската војска, вклучително и во базата во Кандахар, каде што давал поддршка на американските специјални сили.
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Ретклиф, ја критикуваше одлуката Лаканвал да добие дозвола за влез во земјата, наведувајќи дека „на такви поединци никогаш не требало да им се дозволи да дојдат во САД“.
ФБИ ја води истрагата и инцидентот го третира како можен акт на меѓународен тероризам. Претседателот Доналд Трамп го осуди нападот, нарекувајќи го „монструозен чин на терор“ и порача дека сторителот „ќе ја плати највисоката можна цена“.
Двајцата гардисти од Западна Вирџинија кои беа повредени во пукањето се сè уште во критична состојба. Нападот, што се случи вчера околу 14:15 часот, бил насочен, а осомничениот е приведен на самото место и во моментот се наоѓа во болница бидејќи бил ранет во престрелката.
Како реакција на инцидентот, Службата за државјанство и имиграција на САД доцна синоќа ја запре обработката на сите имиграциски барања поврзани со авганистански државјани, додека не се спроведе дополнителна ревизија на безбедносните процедури.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Вреди ќе има ист број места во Владата, во понеделник предлог за пополнување на празните места
-

Филипче: Владата ја кочи државата
-

Муцунски: Бараме долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за целосна интеграција на Западен Балкан
-

Ќе поскапи ли струјата?
-

Цената на јајцата и натаму ќе расте, најавуваат производителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа недела ќе бидат познати имињата на министрите
-

Владата ќе носи Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030
