Основци од Кочани на меѓународен поетски фестивал во Трст

Ученици од ОУ„Никола Карев“ од Кочани учествуваат на 13.Меѓународен поетски фестивал „Замокот на Дуино“ кој се одржува од денеска до 2-ри април во Трст.
Учениците од ОУ „Никола Карев“ освоија специјална награда на оваа светска манифестација на која што учествуваат училишта и поединци од цел свет. Од Македонија награди доби само ОУ „Никола Карев“ од Кочани.
- Оваа година се твореше на тема „Моето наследство“ и ние со учениците одлучивме да твориме за наследствата кои што тие ги имаат добиено од своите баби и дедовци. Највпечатливо беше творењето на ученичката Наде Ефремова која што пишуваше за најголемото наследство кое што сите го добиваме, а тоа е нашата земја и слободата, рече Љупка Стојменова, ментор.
Учениците од тимот Ивона Антова, Василија Коцева, Наде Ефремова, Елена Јакимова и Драгана Насева, задоволни од учеството и од специјалната награда и радосни што ќе можат по втор пат во Италија лично ја подигнат наградата. Ова признание за нив претставува поттик да пишуваат и творат и понатаму и да создаваат дела за паметење.
- Јас и моите четири соученички изработивме книга од сите наши литературни творби кои што беа на тема „Моето наследство“. Наградата ќе ни биде поттик и понатаму да пишуваме и да твориме, рече Наде Ефремова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.
Учениците се претставија со изработка на своја поетска книга составена од песни на македонски преведени на англиски јазик. Преводот на англиски јазик е на Панче Атанасов и Марија Дончева, професори по англиски јазик, а техничката изработка на книгата е на Благој Гранков.
Ново на Сител
-

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку
-

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје
-

Власта денеска поднесе иницијатива за Анкетна комисија за досегашните трагедии
-

Ученичка нападната во тетовско основно училиште
-

Пронајдена дрога кај осуденик од Идризово кој се вратил од викенд отсуство
-

Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица
-

Едногодишно бебе почина во кичевската болница
-

Ужас во Охрид: 16-годишник силувал 12-годишно девојче додека друг малолетник го снимал
