Османи од Минхен: Западниот Балкан не е дупка, туку срце на Европа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, утрово имаше излагање на панелот: „Празнина во срцето на Европа? Назад на Балканот“.
Дискусиите беа насочени кон реафирмација на пристапот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан како стратешки и кредибилен партнер за Европа, при што Османи се осврна на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија.
"Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата. Нашите земји треба да продолжат да напредуваат во однос на помирувањето и решавањето на билатералните спорови, во европски дух, како и да ги зајакнат фундаменталните реформи, особено во однос на владеењето на правото, врз основа на ревидираната методологија за пристапување", истакна Османи.
На настанот беа присутни, Претседателот на Словенија, Борут Пахор, на Косово, Вјоса Османи, Државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, министрите за надворешни работи на Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина, Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит, посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак како и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ: Филипче игра бугарско сценарио
-

Руте во Букурешт: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата
-

Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад
-

Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД
-

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
-

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови
-

По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност
-

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
