Македонија
20. December 2024 - 12:25

Осцилациите негативно влијаат врз езерото

Критична состојбата со Охридското езеро.

Критична состојбата со охридското езеро.Еколозите повторно го вклучија алармот поради драстичното намалување на нивото на самиот брег каде цели површини се над водата.Постојаните осцилации негативно влијаат врз растителниот и животинскиот свет  но и на самите објекти на градскиот кеј.

Експертите , кои долги години ја следат оваа проблематика, тврдат дека водостојот на Охридско Езеро, освен од сушата, многу зависи и од испустот на водата во реката Црн Дрим во Струга.

Нивото на Охридското Езеро се регулира според билатералниот договор со Албанија склучен пред седум децении, преку испуштање на водата од езерото во реката Црн Дрим, што исто така се регулира на застарен начин со дрвени талпи.