Орепиќ: Хрватската не може да ги исполни квотите за бегалците
Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ изјави дека Хрватска сака да ја исполни квотата за прераспределување бегалци во Европа, но проблемот е што бегалците не сакаат да останат во таа држава.
– Би требало да прифатиме 1.563 бегалци, но проблем е што тие не сакаат да останат во Хрватска. Досега прифативме само 19 бегалци согласно Договорот и во процес сме на прифаќање на уште 30 од Грција и 20 од Италија. Би биле задоволни ако ја исполниме квотата, но не можеме. За нив Хрватска е само транзит држава, изјави Влахо Орепиќ за ХРТ.
Тој негираше дека во бегалскиот камп Порин во Загреб условите се лоши. Министерот вети истрага по соопштенија на невладини групи дека полицијата се однесувала несоодветно кон мигрантите на хрватско-српската граница.
Ново на Сител
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?