Општина Кочани објави јавен повик за изградба на спа-центар
Општина Кочани објави јавен повик за технички дијалог со заинтересирани компании, за реализиација на спа-центар кој ќе биде лоциран кај градскиот базен. Проектот неколку години се најавува како капитална инвестиција на општината за што е изготвена физибилити студија.
Откако Советот на општина Кочани даде согласност, се пристапи кон објавување јавен повик за заинтересирани компании за изградба на спа-центарот.
Според распишаниот јавен повик, проценетатта вредност на проектот изнесува 845 илјади евра, при што за користење на студената или пак на топлата геотермална вода, идниот инвеститор би требало да склучи дополнителен договор со КЈП „Водовод“.
Договорот ќе биде доделен за период од 30 години, а вкупната проценета вредност изнесува милион и 330 илјади евра без ДДВ, од кои капиталната инвестиција изнесува околу 845 илјади евра и инвестиција на закупувачот во летната дискотека Аква во износ од 488 илјади евра, што е утврдено од овластен проценувач.
Според физибилити студијата, минималниот износ на надоместокот што приватниот партнер би требало да и го плаќа на Општината изнесува најмалку 10 илјади евра годишно. Според договорот што би се склучил, тој има обврска да го изгради спа центарот за период од три години.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има