Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии

Општина Кисела Вода преку соопштение ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење диви депонии, чија цел е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад и тие да се исчистат.
Како што информираат од општината, заинтересираните граѓани за првата фаза - лоцирањето / мапирањето, можат да се пријават до средина на идниот месец преку апликација на линкот: https://www.worldcleanupday.
Во втората фаза, граѓаните ќе може да се вклучат на 15 септември годинава, кога општината првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World, кое е најбрзо растечко движење во светот што од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.
Во Македонија, акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
-

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
