Македонија
18. July 2023 - 15:18

Oпштина Илинден отпочна со изградба на трим патека

Општина Илинден отпочна со изградба  на трим патека која се протега од населеното место Ајватовци до Бучинци.

Трим патеката во должина од околу 5 километри, ќе биде наменета за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам, а ќе бидат поставени информативни табли, летниковци за одмор на граѓаните, клупи, корпи за отпадоци.

Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на оваа трим патека е со цел поголема искористеност на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски ред, а од големо значење е и за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.

Проектот за изградба на трим патеката е предвиден и во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026, а локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму во реализација на проектите.