Општина Гостивар: Немало физички напад во просториите на седиштето на локалната самоуправа
Гостиварската локална самоуправа демантира дека вчера се случил физички напад врз две жени во просториите на општина Гостивар и побараа објективно да се известува за настанот. Нападот се случил во непосредна близина на општинската зграда.
-Општина Гостивар ја демантира веста на порталот „Pa Censurë“ и други портали, дека вчерашниот случај кој беше пријавен дека се случил во општина Гостивар се случил и во зградата. Предметниот случај нема никаква врска со општина Гостивар и бараме од медиумите објективно да известуваат. Во целост ги демантираме написите кои излегоа во јавноста, стои во соопштението на службата за информирање на општина Гостивар.
Оттаму посочуваат дека таков настан имало во делот на зградата во која се сместени подрачни единици и управи на министерствата, кои се во непосредна близина на седиштето на општина Гостивар.
Портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи информира дека вчера попладне во ОВР Гостивар во 14:00 часот бил пријавен физички напад.
-Р.С.(32) од Гостивар пријавила дека околу 10:00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува Реџепи.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени