По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
Лекари, медицински сестри и останат персонал и се неопходни на кочанската болница за да одговори на потребите. Здравствената установа каде веќе еден месец се на рехабилитација повредени од пожарот во Пулс, итно има потреба од стручен кадар. Директорката веќе доставила барање за вработување до Министерството за здравство а дека кубурат со кадар вчера се уверил и Азир Алиу кој беше во посета на Кочани.
-Претходно се направи разговор со струниот колегиум, со раководителите за потребите на секој оддел. Доставено е барање, 4 лекари по општа медицина, 8 медицинск исестри, двајца физотерапеви, акушерка, лаборанти, хигиеничари, тоа е она што е најнеопходно во овој период за болницата, вели д-р Катерина Мирчовска, дирекор на болница во Кочани.
Дел од повредените вчера лично на министерот Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување им кажале дел од потребите и прашале како да остварат одредени права од здравтвеното осигурување. Веќе утре во болницата ќе стигне поголема количина на креми кои според директорката им се неопходни за лузните а првата група ја добила и компресивната облека.
-Во договор со фирмата од германија и претставницитењ од Бугарија, тие ќе дојдат повторно за две до три недели во болницата и треба да им доставиме искуства од користењето на опремата оние што ја добија. Сали кај некој се појавиле отоци, како се чуствуваат бидејќи има простор за корекции за вториот пар што ќе треба да го добијат, вели Мирчовска.
За рехабилитацијата на Пониква, првата група според најавите треба да замине во петок и таму ќе имаат и медицинска и психолошка поддршка.
А три месеци по големата трагедија во која животот го загубија 62 лица а 200 беа повредени, петмина се уште се на лекување во странски болници.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар