Општина Дебрца го санира фудбалското игралиште на „Сатеска“ во селото Волино
Општина Дебрца со сопствени финансиски средства во износ од милион и 484.286 денари го санира и реконструира игралиштето за голем фудбал во Волино на кое се натпреварува екипата „Сатеска“.
Според градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, во рамки од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делегати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.
- Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија, вели Трајкоски.
Екипата „Сатеска“ што го користи теренот во Волино се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – „југо-западен“ регион.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг