Македонија
27. May 2025 - 16:36

Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија

Стојанче Ангелов ротира со директорската позиција од ЦУК во ДЗС. По речиси пет години менаџирање со кризи во дирекцијата доаѓа на местото ВД директор. По претходен договор со премиерот како што рече Ангелов, владата го назначила за да го спасува ДЗС од лошата состојба во која се наоѓа. Ангелов ќе менаџира со сериозни предизвици - недостиг на пилоти за авионите за гасење пожари, сервисирање на ертракторите, како и со територијалните тимови за справување со пожари. 

Ангелов не се откажува од идејата за спојување на двете институции но за тоа ќе треба време и доуредување на 19 законски одредби. 

На неговото место во центарот за управување со кризи доаѓа Мухамед Аљи со кого веќе извршија примопредавање. Инаку ДЗС има голем број ингеренции во справување со непогоди и токму од тие причини по пожарот во Кочани кој зеде 62 жртви со истрагата се притворени тројца поранешни директори.

Меѓу нив беше Шабан Салиу актуелен министер без ресор кому Апелалација му ја укина мерката. Кочанскиот суд во последното решение одлучи на Беким Максути и Џеват Селами, двајцата поранешни директори да им одреди дополнителен 30 дневен притвор како осомничени за пожарот во дискотеката Пулс.