Починато бебе однесено во струшката болница
Бебе старо два месеци без знаци на живот било однесено на Детското одделение во струшката болница. Директорот на болницата, Владимир Бунчески го потври немилиот случај тој вели вели дека станува збор за бебе кое било без знаци на живот.
Истото не боледувало ниту па се лекувало на одделението
Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на родителите од струшко село Велешта , било донесено нивното двомесечно бебе,.
- Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство.
Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот семеен дом, изјави Димоски.
Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар