Општина Центар го комплетираше паркот на улица „Загрепска“
Со новото детско игралиште се комплетираше парковската површина (на локацијата позната како „КТК“) на улицата „Загрепска“, која општина Центар ја уреди хортикултурно.
Од општина Центар соопштија дека за жителите од улицата „Загрепска“ и околината направиле нов простор за одмор, релаксација, маалска дружба и детска игра.
На средбите што градоначалникот Андреј Жерновски ги имаше со жителите од овој реон, информираат од општината, беше договорено да се постави ново детско игралиште.
Игралиштето е изработено од дрво со убави бои, а ќе се постават и клупи за седење. Граѓаните добија убав парк на површина од 640 м2 во кој има над 400 зимзелени и листопадни садници, како и богат цветен насад, а вграден е и автоматски систем за полевање, посочуваат од општината.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори